|
представникот
на
организаторот
и извршителите
на услугите
во добра
намера. Во
случај на
непочитување
на овие
обврски,
патникот
одговара на
оранизаторот
за
направената
штета.
Патниците
кои свесно
го нарушуваат
редот во
објектите
односно
возилото
можат да
бидат
одстранети
од
аранжманот.
Патникот
е должен да
поседува
важечки пасош
и да се
информира
кај
организаторот
дали за
земјата во
која патува
(или за земјите
низ кои се
патува во
транзит) е
потребна виза,
за да таа
навреме се
обезбеди.
Патникот е
должен да се
информира
за
девизните и
царинските
прописи во
својата
земја и
земјите во кои
патува.
Патникот е
должен да ги
чува и лично
да одговара,
за сите свои
документи,
парични
средства и
личен багаж
за сето време
на
патувањето.
9.
ПРЕВОЗ
Патникот
е обврзан да
се
прилагоди
кон
превозот и
неговата
организацијата,
во согласност
со
пропишаните
правила и
прописи.
При
патување со
авионски
превоз, да ја провери
својата
резервација
за лет - во агенцијата,
најдоцна 72
часа пред
полетување.
Да се јави на
аеродромот
и местото за
чекинг и
предавање
на багаж, во
вообичаеното
време - час и половина
пред
полетување.
Да се
информира за
правилата
за патување
со авионски
превоз (за
истите може
да се обрати
во агенцијата).
При
патување со
автобуски
превоз, да поседува
важечка
резервација
на седиште и да
се пријави
кај
преставникот
на агенцијата
половина
час пред
поаѓање на
автобусот.
Да го
почитува
редот во
возилото, во
взаемен
интерес со
другите
патници и
персоналот,
како и
безбедноста
во
сообраќајот.
Во случај на
непридржување
кон
сатниците на
поаѓање или
на
попатните
застанувања
и одмори,
како и
поради
евентуално
задржување
на
граничните
премини
поради
неисправни
патни
документи
или
царински
прекршок, возилото
не е
обврзано да
го чека
истиот
патник повеќе
од
вообичаеното
време.
10. БАГАЖ
Патникот
има право на
бесплатен
превоз на
багаж, до 15 кг
на чартер
летовите и 20
кг на редовните
авионски
линии. Кај
автобускиот
чертер
превоз,
дозволен е
бесплатен
багаж од
една патна
торба (до 20 кг)
по патник. За
секој
килограм
багаж
односно
патна торба
преку
дозволеното,
се плаќа во
зависност
од дестинацијата
на патување.
Деца до 2
години на авионскиот
превоз и
деца кои не
плаќаат билет
во
автобусот,
немаат
право на бесплатен
багаж. Како
багаж, не се
дозволува внесување
на трговска
стока , храна,
пијалоци,
лекови,
наркотици,
хемиски и
други
запаливи
средства,
оружје,
животни,
растенија,
амбалажи и
слични
предмети.
При
внесување и
изнесување
на багажот
од возилото,
патникот со
лично
присуство
одговара за
истиот. За
време на
реализација
на
аранжманот
за багажот
се грижи
самиот
патник.
Поради тоа препорачуваме
пред
патувањето
да се направи
полиса за
Патничко
осигурување
со осигурување
на багаж,
преку
Осигурителна
компанија,
која може да
се уплати во
агенцијата.
Организаторот
не одговара
за
уништениот
или изгубениот
багаж, како и
за
изгубениот
багаж или
драгоцености
за време на
престојот
во хотелот
(Ви
препорачуваме
наем на сеф
на хотелската
рецепција).
11.
ЗДРАВСТВЕНИ
ПРОПИСИ И
ЗАШТИТА
Патникот
е должен да
се
информира
кај надлежната
здравствена
институција
и да ги
почитува
здравствените
прописи за
патување во
одредена
земја
(потреба од
вакцина или
здравствен
документ). Во
случај на
болест или
незгода во
текот на
користењето
на
аранжманот,
трошоците
за лечење
или евентуални
лекарски
интервенции
ги плаќа
патникот.
Поради тоа
препорачуваме,
пред патувањето
да се
направи
полиса за
Патничко
осигурување
преку
Осигурителна
команија,
која може да
се уплати во
агенцијата.
12. СМЕСТУВАЊЕ
ВО СОБИ И
АПАРТМАНИ
Доколу
патникот-закупувач
не договорил
соба/апартман
со посебни
карактеристики,
ќе прифати
било која
официјално
регистрирана
соба/апартман
за
сместување
во договорениот
објект,
опишана во
каталогот и
ценовникот.
Доколку е
можно,
организаторот
ќе се обиде
да одговори
на
дополнителните
барања на
патникот
(комфор,
ориентација
на собата,
кат и слично)
но, не може да
гарантира
исполнување
на таквото
барање.
Вообичаеното
сместување
во собите е
од 14:00 часот, а
напуштањето
на собите е
до 10:00 часот
(доколку во
куќниот ред
не е поинаку
назначено).
13.
РЕШАВАЊЕ НА
ПРИГОВОРИ
Во
случај на
непотполно
или
неквалитетно
извршување
на услугите,
патникот
има право на
соодветно
обештетување,
исклучиво
доколку
приложи
писмен
приговор до
организаторот.
Секој
патник -
носител
(потписник)
на
договорот
има право на
приговор
врз основа
на
неизвршена
договорена
услуга. Организаторот
нема да
прима во
процедура групни
приговори
кои ги
поднесуваат
повеќе
носители на
договори
врз основа
на еден приговор.
Постапка
за
поднесување
приговор:
- Веднаш
на самото
место
патникот ја
рекламира
неадкватната
услуга кај
претставникот
на
организаторот,
а доколку
истиот го
нема, кај
извршителот
на услугите.
Патникот е
должен да
соработува
со
претставникот
и со
извршителот
на услугите
во добра
намера за да
се
одстранат
причините
за приговорот.
Доколку
патникот на
самото
место не го прифати
понуденото
решение на
рекламацијата
кое
одговара на
уплатената
услуга, организаторот
нема да ја
уважи
доплнителната
рекламација
на патникот
и нема да
одговори на
истата.
- Ако
причината
за
рекламацијата
не биде
одстранета,
патникот за
тоа
составува со
претставникот
писмена
потврда
(записник).
-
Најдоцна 8
дена по
завршувањето
на аранжманот,
патникот
поднесува
писмен
приговор во
продажното
место каде
што го
уплатил
аранжманот,
и ја
приложува
писмената
потврда
(записникот)
потпишана
од претставникот
како и
евентуалните
сметки за дополнителни
трошоци.
Организаторот
ќе ги прими
во
процедура
само
потполно
документираните
приговори
поднесени
во
наведениот
рок од 8 дена.
-
Организаторот
е должен да
донесе писмено
решение во
рок од 14 дена
од приемот
на приговорот
во
продажното
место.
Организаторот
може да го
одложи
рокот на
решението на
приговорот
заради
комплетирање
на
информациите
и проверка
на
наведените рекламации
кај
извршителот
на услугите.
Организаторот
ќе ги решава
само оние
рекламации
за кои во
местото на
одмор не
можеле да
бидат
одстранети
причините
кои ги предизвикале.
- Додека
организаторот
не донесе решение
по
приговорот,
патникот се
откажува од
посредување
на било кое
друго лице,
судска
постапка
или давање
информации
во јавните
медиуми.
-
Највисоката
надокнада
по
приговорот може
да достигне
сума до
износот на
рекламираниот
дел од
услугите, но
таа не може
да ги
вклучува
веќе
искористените
услуги како
и
севкупниот
износ на
аранжманот.
Со ова се
исклучува
правото на
купувачот
за наплата
на идеална
штета.
Нарушување
на
постапката
за решавање на
приговори:
Во
контекст на
точка 13 и
пропишаната
постапка за
поднесување
и решавање
на приговор,
евентуалното
непридржување
на купувачот-патникот
кон истата,
или пак нарушување
на
отпочнатата
постапка со
било каква
активност
спомената
или не, во
петата ставка
од истата,
дава
причина за
неприфаќање
на истите
приговори,
прекинување
на отпочнатата
постапка и
воедно
поднесување
на тужба
пред
надлежните
органи од
страна на
организаторот,
за наплата
на
претрпената
штета и
нарушениот
углед во
јавноста.
14.
НАДЛЕЖНОСТ
НА СУДОТ
Во
согласност
со точка 13. од
овие услови,
купувачот
на услугите
од одредна
програма
има право на
рекламација
кај
организаторот
на
патувањето.
Доколку купувачот
не е
задоволен
со
решението
на организаторот,
има право да
побара
дополнителна
арбитража и
мислење од
страна на
АТАМ или од
страна на
надлежниот
Суд
Еуропе-Турист
ДООЕЛ
-Гостивар
|